Отворени пералните во студентските домови по реакциите на студентите

Од денеска студентите ќе може да перат алишта во пералните при студентските домови. Информацијата ја соопшти Државниот студентски дом – Скопје, откако изминативе денови имаше бурни реакции на социјалните мрежи.

Студентите беа револтирани бидејќи пералните досега не беа во функција, па беа принудени да патуваат до дома за да ја исперат облеката.

Одлуката на ДСД-Скопје ги опфаќа студентите кои престојуваат во домовите  „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски*Питу“.

Оттаму посочуваат дека нема да биде дозволено да се создаваат гужви при достава на облеката. Обележани се делови за држење на растојание, а ќе има и портирска служба.

Од ДСД-Скопје апелираат студентите да ги почитуваат мерките и протоколот за заштита од Ковид 19.