Отворено: Oпштествено-политички случувања од призма на новинарството

Во наредната емисија на #Отворено ќе се дискутира за општествено-политичката ситуација од призма за новинарството со: Горан Михаловски, Ацо Кабранов и Џелал Незири.

Поставувајте прашања и пријавете се за учество преку социјалните мрежи фејсбук и твитер на: http://goo.gl/26sAVs или телефонот на Отворено: 077 508 843.

**Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето (16:00 часот – Томато продукција)

Гледајте Отворено со Лидија Јанчовска Христова на 24 Вести во понеделник, 28 март во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција, JEF Македонија и Младински образовен форум, поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД).