Младинскиот образовен форум (МОФ) денес организира отворено предавање-дебата за млади на тема вештачка интелигенција. Предавач ќе биде вонредниот професор Александра Дединец.
„Елон Маск тврди дека вештачката интелигенција ќе креира иднина во која ќе нема потреба од работни места. Што мислите вие?
Дали ова може да биде вистина? Кои се предностите, а кои недостатоците на ВИ? Дали таа ќе придонесе само кон згаснување на одредени работни места, а не и креирање на нови? Дали иднината со ВИ ќе биде подобра? Дали во минатото имало слични размислувања со развојот на технологија?“, се вели во најавата.
Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошки-металуршкиот факултет од 16 часот.
Присуство може да се најави со пополнување на формата достапна на овој линк.