Кои се најголемите ризици за мирот во земјава, зошто младите секогаш се во првите редови кога се случуваат кризи, како да се препознаат манипулациите и полесно да се надминат кризните состојби – ова беа дел од прашањата за кои се дебатираше во Радио МОФ на тема „Колку е кревок мирот во земјава“ , а во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот (21 септември).
Дебата која ја сочинуваа два панели го разработи прашањето на мирот од политичко безбедносен, но и од младински аспект. Гостин во првиот панел беше аналитичарот Благоја Марковски, додека во вториот дел зборуваа психологот Мирјана Јовановска Стојановска, младиот активист Дамир Незири и Павле Богоевски од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Новинари-водители се Јасмина Јакимова и Кристина Озимец. Во продолжение погледнете го видеото од дебатите.