Книгата ќе ја истражува „извонредната триумфална приказна за модерниот лирски пророк“.
После две години пишување, Маркус Џ. Мур на 13 октомври годинава ќе ја издаде биографијата „Ефектот на пеперутката – како Кендрик Ламар ја запали душата на црната Америка“. Тој на својот Твитер профил ја споделил корицата на книгата, дополнувајќи дека издавач е издавачката куќа „Атриа Букс“.
After almost two years, I can thankfully say this: “The Butterfly Effect: How Kendrick Lamar Ignited the Soul of Black America” is out 10/13 via @AtriaBooks.
Cover reveal and preorder at the link: https://t.co/g8kpbzsFej pic.twitter.com/UkNGZbbmuF
— Marcus J. Moore (@MarcusJMoore) February 4, 2020
Одбележувајќи ја „метеорската брза слава“ на раперот, биографијата фрла ново светло врз животот на Кендрик и неговото длабоко влијание на расно оптоварената Америка. „Ефектот на пеперутката“ е извонредна, триумфална приказна за модерниот лиричен пророк и американска легенда која им даде надеж на оние кои се заглавени под тежината на системското угнетување, потсетувајќи ги дека сѐ ќе биде во ред, пишува во краткото сиже на делото.
Во интервју од 2018 година, Маркус изјавил дека е многу важно некој како Кендрик да биде обработен во ваков контекст. Од 2014 година, па сѐ досега постои нагон на алтернативна црнечка креативност што е во центарот на вниманието.
„Конечно стигнавме до точка каде што без оглед на тоа каква е вашата уметност, за неа има публика, луѓето ќе ја бараат и луѓето ќе ја најдат. Поради тоа е многу важно да се пишува за Кендрик“ – дополнил тој.
Претходно оваа година, Ламар беше најавен како прв изведувач на лондонскиот музички фестивал „БТС – Хајд парк“. Постојат и гласини дека тој ќе издаде нов албум оваа година, па чувајте ги очите отворени.
Извор: Dazed&Confused