„ОXISM“ е музички бутик фестивал чие што прво издание ќе се одржи на 19 август во скопскиот клуб „Хајп“. На фестивалот ќе настапат домашни и регионални трап изведувачи, а освен музичкиот дел ќе биде инсталирана „ОХ чил зона“ каде што ќе може да се купи облека од македонски брендови.
На фестивалот ќе настапат Yung Bude (Buntai), Rouzi, Dino Blunt x Swanna, Laki Sosa, R’, Zee Bomb, Bon Praskiza x Sexy Marsa, Matej Foltz, Kacar, Druggy x S.A.M, Dope Kukjata, Nixar, Mana + гости.
Организатори на „ОXISM“ се „ОX.STREETS“ и „OXGalery“, а цената на картите е 400 денари.