Една од најфрустрирачките работи кај паричниците е потрагата по монети. Нов паметен паричник ветува дека ќе го реши овој проблем кај повеќето луѓе.
Паричникот функционира на тој начин што кога ќе се стават банкноти, заедно со монети, се протресува, па монетите самите се сортираат.
Ова го елиминира мешањето низ торба за да се најдат ситните монети кои можеби се провлекле во некои од слоевите на паричникот.
Паричникот е дело на сингапурски дизајнери, а од неодамна е претставен преку Кикстартер кампања. За еден месец идејата собра 247 554 долари, иако целта беше 4 000 долари.
Ли Ксу, еден од креаторите на паричникот, вели дека паричникот функцуионира така што има преграда зашиена на начин што спречува монетите да се враќаат во делото со банкнотите. Тој не ги кажува деталите, бидејќи тимот дизајнери планира да го патентира производот.
Првичната цена на еден ваков паричник е приближно 40 долари.