Истовремено, маската може да ги снима разговорите и да ги транскрибира во текстуални пораки.
„Donut Robotics“ собра околу 210 илјади фунти за да продолжи со креирањето на „паметна“ маска за лице, „Ц-маска“, која може да преведува, снима и транскрибира разговори во смс пораки преку „блутут“. Засега, маската може да преведува разговори на девет јазици – јапонски, англиски, кинески, француски, тајландски, бахаса, шпански и виетнамски.
Маската може и да бира телефонски повици, да „одржува“ едноминутни состаноци и да се прилагодува на лицето на носителот.
Целосниот работен процес за маската се финансира прекиу јапонски портал за „crowdfunding“, а се очекува да е достапна на пазарот во септември 2020.
„Многу години се занимававме со производство на роботи, па решивме да ја искористиме технологијата во насока која ќе биде корисна за светот после Ковид-19“, истакнал директорот на „Donut Robotics“, Таисуке Оно, во интервју за јапонскиот „Ројтерс“.
Извор: Dazed&Confused