Рекреативна или повремена употреба на легални и илегални психоактивни супстанции е честа социо-културна практика, како во светот така и во РМ. Употребата на дроги секогаш со себе носи и ризици, како здравствени така и правни, и затоа е потребна претпазливост и добра информираност за дејствата, ризиците и можните штетни последици од нивната употреба, велат од ХОПС, кои утре од 18 часот во ГЕМ организираат панел-дискусија „Рекреативна употреба на дроги“.
Според ХОПС, настанот има за цел преку отворена дискусија да ги опфати наjважните моменти од употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети.
Говорници на панелот се Ивана Драгшиќ – социолог, диџеј, активист за човекови права. Потоа, Драгана Дрндаревска – активист и правник од Коалиција Маргини, но и д-р Дарко Костовски – психијатар.
Модератор на панел дискусијата е Давор Смиланов – доктор на медицина и долгогодишен соработник во ХОПС и намалувач на штети.
Панел-дискусијата е дел од глобалната кампања Support. Don’t Punish.
„Ве чекаме на дискусија и поддржете, не казнувајте!“, велат од ХОПС.