Во среда на 18 септември во клубот ГЕМ (Менада) во Скопската Чаршија ќе се одржи панел дискусија на тема: Ромите и Холокаустот од Втората светска војна.
Говорници на дискусијата ќе бидат професорите Љатиф Демир и Трајко Петровски, како и новинарот Муарем Рамуш.
Модератор на настанот е Горан Игиќ.
Настанот во клубот ГЕМ е организиран од страна на Фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа. Почетокот е закажан во 18 часот.