Со почеток во 18 часот, вечерва (27 март) во новоотворениот Студентски културен центар (СКЦ) ќе се одржи панел дискусија на тема „Урбаното зеленило како основа на идните урбанистички планови“.
„Сите аномалии во општеството се јавуваат поради оддалеченоста од природата и природното функционирање. Оваа панел-дискусија ја организираме со оглед на недостатоците од/на урбаните зелени површини во Скопје, на која се поставува прашањето – во кој правец да тргнеме, за нашиот град да стане зелена оаза во која значително ќе се подобри квалитетот на живот?“, се посочува во најавата за настанот.
На дискусијата говорници ќе бидат пејзажниот дизајнер Викторија Брндевска-Стипановиќ, урбаниот дендролог Бојан Симовски, арбористот Дејан Илиевски и независниот член на Зелен хуман град во Советот на Град Скопје Горјан Јовановски.