Во четврток, на 26 декемвври во Ликовниот салон ќе се одржи панел дискусијата на тема „Младински активизам и слобода на изразување“.
Настанот го организираат членовите на Медиа – Арт клубот при центарот на Младински образовен форум од Велес.
Како што информираат од клубот, панел-дискусијата е иницијатива на средношколците од клубот кои сакаат да развијат дебата за слободата на изразување и креативните форми на младинскиот активизам.
Почетокот на дискусијата е закажан во 13 часот, а настанот ќе го отворат новинарката Ана Јовковска и активистот Димитар Апасиев.