Кратка панел дискусија за еко активизмот и учеството на средношколците во еко акции и истражувања ќе се одржи во петок, 27 септември со почеток од 10 часот во Клубот на новинари во Скопје.
„Доколку сте професор, ученик, граѓански активист, претставник на граѓанска организација, средно училиште или едноставно сакате да дознате нешто повеќе за граѓанската наука, нејзината важност, како и организациите кои спроведуваат вакви проектите и иницијативи, повелете во 10 часот во Клуб на новинари за заедно со средношколците од Скопје и нашите драги колеги од Македонско еколошко друштво (МЕД), Eko-svest и Институт за комуникациски студии (ИКС) да продискутираме“, повикуваат од здружението „Еко Логик“.
Заинтересираните можат да се пријават тука.
Настанот се организира во рамки на проектот Хаб на истражувачи што „Еко Логик“ го спроведува со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија. Претходно, „Еко Логик“ организираше кратки предавања на темата во неколку средни училишта во Скопје, панел дискусија во Кочани, средношколски Камп за граѓанска наука, како и работилница за зелени вештини и вмрежување на скопските општини и Кочани.