Утре (сабота, 8 октомври) во Социјалниот Центар Дуња писателот Бен Вотсон и Сезгин Бојник во 17:00 часот ќе одржат панк поетско предавање насловено како „Тогаш дојде ПАНКОТ!“.
Бен Вотсон е британски писател за музика и култура на марксистички погледи, познат особено по неговите дела за Френк Запа.
„Тој ќе зборува за неговите искуства кога беше во Лидс 1979-1993 година, кога панкот беше поврзан со Ф Клубот, а потоа Рок против расизмот, кога локалните скинхедси погрешно ги толкуваа свастиките на Вивин Вествуд и мислеа дека панкот е фашистички. Не толку фокусиран на историјата, Бен ќе се задржи на релевантната уметност на нашето време што остана со него во децениите кога пишуваше за џезот и слободната импровизација за магазинот Wire и ќе за начинот на кој го води својот бенд (AMM All-Stars) денес и неговите музички избори за неговите неделни радио емитувања“, се вели во најавата.
Основачот на „Rab-Rab Press“ во Хелсинки и „Pyke-Presje“ во Призрен, Сезгин Бојник ќе ја претстави публикацијата Панк супрематизам, која го вклучува првиот англиски превод на теоретски дела за панкот, уметноста, социјализмот, бирократијата и национализмот од Славој Жижек, Растко Мочник и Зоја Скушек.
„Напишани во турбулентен период на југословенскиот социјализам, овие текстови се обидуваа да ја разберат политичката важност на панкот како масовно движење на осиромашената младина. Панк супрематизам е првиот том од серијата за истражување на панк иницирани од Rab-Rab Press“, пишува во описот за публикацијата.
Во рамки на вториот настан „Скопје во движење одоздола“ во 19:00 часот ќе биде промовирана публикацијата и истражувањето за субкултурата во Скопје, „Мапирање на супкултурите“ од Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ.
Потоа следува проекција на краткиот документарен филм „Скопје: Вовед во движење одоздола“, а по прикажувањето свој настап ќе има Марија Каева и бендот „40ес дена“
Настанот е организиран од КРИК Фестивал за критичка култура.