За прв пат од нивното 27 годишно постоење, во Скопје доаѓаат „Цепени Чунци“ од село Ладовица, општина Власотинце, Србија. Панк свирката ќе се одржи во рок бар „Рокси“ на 3 март (сабота) од 20:30 часот.
Бендот е формиран во 1991 година. Својот албум првенец го издава во 1997 година, насловен како „Бугарска Политика“, додека вториот албум „У Задњем Тренутку“ е од 2001, а во исчекување е и третиот албум.
„Неколку денови во летото последните неколку години, Ладовица претставува вистинско панк село, благодарејќи на дечките од Цепени Чунци, кои го организираат ‘Пивски 1989 Ладовица’ фестивалот (оваа година ќе биде 12ти по ред), на кој настапувале групи како ‘Ритам Нереда’, ‘Orthodox Celts’, ‘Самостални Референти’ итн…“, стои во најавата за настанот.
Освен гостите од Србија, најавен е и бендот „Последен Удар“од источниот дел на Скопје. Нивните почетоци се од 2017. година и ова ќе им биде деби настап.
„Бенд без влакна на јазикот што со нивните текстови ја отсликуваат реалната ситуација во регионов и околината што ги опкружува. Влијанието заа музиката е претежно од Британските бендови како ‘Cock Sparrer’, ‘Cockney Rejects’, но и бендовите од околината. Оваа година се очекува нивниот прв албум и негова промоција“, се вели во најавата за настанот.
За загревање и паузи помеѓу бендовите, ќе се погрижи Dj. Big Six со малку ска-реге-рокстеди и и неколку Ои!-панк класици.