Вчера во Центарот за балканска соработка Лоја во Тетово беше организирана завршната изложба од целогодишниот проект „Paper girl“.
Paper girl е светска кампања за изработка на стенсили, предмети, елементи кои се изработуваат од старите искористени најлонски кеси, шишиња, хартија и истите се искористуваат повторно.
Акцијата Paper girl во Тетово ја спроведуваше германката Ана Пиц, која го пренесе своето искуство. На изложбата можеа да се видат цртежи, стенсили, материјали кои беа изработени од поголема група на пред се млади тетовци, изминатите месеци.
По завршувањето на изложбата, изложените материјали ќе бидат поделени на граѓаните на Тетово низ заедничка акција на членовите на Лоја и Младински образовен форум – Тетово.
Б.К.