Денеска (18 октомври), со почеток во 11:00 часот, Градскиот дувачки оркестар на Скопје ќе одржи параден концерт во централното градско подрачје, односно од Музејот на Град Скопје до паркот Жена борец.
Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма:
– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Патриотска чекорница
– Дикси парада
– Вашингтон пост марш
– 3.Македонска бригада
– Огномет на слободата
– Во спомен на Ваташа
– Работнички
– За сите деца
Градскиот дувачки оркестар е составен главно од професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.