Реплика на бетонската ќелија во која моментално се наоѓа рускиот опозициониер Алексеј Навални е поставена во близина на „Лувр“ во Париз.
„Euronews“ пренесува дека организаторите сакале да ги доловат условите на кој е приморан рускиот опозициски политичар, чија ќелија се наоѓа во рускиот реон Владимир, источно од Москва.
Организаторите ја опишуваат ќелијата на Навални како „затвор во затвор“. Навални помина над 100 дена во последните шест месеци во казнената ќелија.
Посетители може да влезат во репликата за да им бидат доловени условите во кои живее најсилната опозиција на Путин.
Навални ја изгради својата кариера борејќи се против државната корупција. Тој преживеа труење во 2020 кое тој го препишува на руските власти.
По петмесечен третман во Германија, тој се врати во Русија и беше веднаш уапсен. Тој бил осуден на затворска казна од две и пол години, а минатата година го осудија уште на девет години.