„Париски перспективи“ – изложба на фотографии на Роберт Јанкулоски

Македонскиот уметник Роберт Јанкуловски ќе се претстави со својата изложба насловена „Париски перспективи“ во четврток, 24 јануари, во 18 часот во просториите на Францускиот Институт во Скопје.

Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“.

Јанкулоски е директор на Македонскиот центар за фотографија,  познавач на делото на браќата Манаки и актуелен декан на Катедрата за визуелни уметности при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје. Тој ќе направи ретроспектива на неговото дело и ќе говори за старата фотографија како инспирација во неговата работа.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари.