Африканските невладини организации примиле само 4 отсто од парите на Бил Гејтс наменети за агрокултурна работа, додека 75 отсто завршиле во организации кои се од САД, објави Гардијан.
Поголемиот дел од трите милијарди долари кои Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ги дала за гладните луѓе во некои од најсиромашните земји во светот, биле потрошени во САД, Британија и други богати земји, додека само околу 10 отсто завршиле во Африка, констатира најновиот извештај на Граин (Grain), истражувачка групација од Барселона.
Анализата на грантовите кои се направени од фондацијата, покажува дека речиси половина од парите во последната декада, завршиле во глобалните агрокултурни мрежи за истражувања, како и организации, вклучувајќи ја Светската банка и агенциите на ОН, како и групите кои работат во Африка за промовирање Hi-Tech земјоделство.
Другите 1.5 милијарди долари ги добиле стотици организации кои се занимаваат со истражувања и развој. „Околу 80% од грантовите се доделени на организации во САД и Европа, додека само 10% на групации во Африка. Далеку најголема земја примател е САД, а по неа следат Велика Британија, Германија и Холандија“, се вели во извештајот објавен во вторникот.
Од 678-те милиони долари дадени на универзитети и национални истражувачки центри, 79% отишле во САД и Европа, додека само 12% во Африка.
„Северно-јужната поделба е најшокирачка, сепак, кога ќе се погледнат 669-те милиони долари доделени на невладини групации за акгрокултурна работа, африканските групации примиле само 4%. Преку 75% отишле во организации кои се наоѓаат во САД“, констатира извештајот.
„Кога ги прегледавме дата базите на грантовите на фондацијата, бевме зачудени од тоа што тие сакаат да се борат со гладта на југот, со давање на пари на организациите од северот. Повеќето грантови за агрокултура се дадени на организации во САД и Европа“, вели агрономот Хенк Хобелинк, ко-основач на Граин.
„Исто така се чини дека не ги слушаат фармерите, и покрај нивните тврдења. Огромно мнозинство од финансирањето оди во hi-tech научни истражувања, а не за да ги поддржуваат решенијата кои самите земјоделци ги развиваат на теренот. Земјоделците во Африка се одредени како приматели, но тие се само конзументи на знаење и технологија од другите.”
Приватната фондација – една од водечките светски организации со повеќе од 38 милијарди долари од Бил Гејтс, која исто така го поддржува и глобалниот веб сајт за развој на Гардијан- за помалку од една декада стана еден од главните донатори за земјоделски истражувања и развој, како и најголемиот единствен финансиер на истражувања за генетски инженеринг. Во 2006-07, потроши 500 милиони долари на земјоделски проекти и таа го задржа финансирањето на ова ниво. Мнозинството на грантови на фондацијата се фокусира на Африка.
Таа се цели кон подобрување на здравствената заштита и намалување на екстремната сиромаштија, но нејзината агрокултурна работа беше критикувана дека е фиксирана на работата на научниците во централизирани лаборатории и игнорирање на знаењата и биодиверзитетот кој земјоделците во Африка го имаат развиено со текот на генерациите, пишува Гардијан.
Најголемиот примател на земјоделски грантови од Гејтс Фондацијата е CGIAR конзорциумот составен од 15 меѓународни земјоделски истражувачки центри.
“Во 1960-тите и 70-тите години, овие центри се одговорни за развој и ширење на контроверзната „зелена револуција”, модел на земјоделство во делови од Азија и Латинска Америка, кој се фокусира на масовна дистрибуција на неколку сорти на семиња кои би можеле да произведат високи приноси – со дарежлива примена на хемиски ѓубрива и пестициди,”се вели во извештајот.
“Напорите за спроведување на истиот модел во Африка не успеа, и на глобално ниво, CGIAR изгуби значење откако корпорациите како Syngenta и Монсанто ја презедоа контролата над пазарите на семиња. Парите од Фондацијата на Гејтс , сега им обезбедува на CGIAR и нивната зелена револуција модел за нов живот, овој пат во директна соработка со компаниите за семиња и пестициди”, гласат наводите во извештајот.
Граин сугерира дека фондацијата ги користи своите пари за индиректно да наметне политичка агенда на африканските влади. “Фондацијата на Гејтс ја основаше Алијансата за зелена револуција во Африка (Агра) во 2006 година и ја поддржа со 414 милиони долари од тогаш. Тие имаат две места во одборот на Алијансата и ја опишуваат како Африканското лице и гласот за нашата работа “, велат од Граин.
Фондацијата, со седиште во Сиетл, одговори на главните точки на извештајот на Граин велејќи дека тие дале нецелосна слика за нејзината работа.
„Потребите на милионите фармери – од кои повеќето се жени – и тоа како се во центарот на стратегија за земјоделството на фондацијата Гејтс. Нашите грантови се фокусирани на поврзување на земјоделците со квалитетни земјоделски материјали и информации, пристап до пазарите, и подобрување на податоците, така што владините политики и ресурси се во согласност со нивните потреби. Слушањето на земјоделците да ги разберат нивните потреби и развојот на владите на земјите да ги разберат нивните приоритети, е круцијално важно “, изјави портпаролот Крис Вилијамс.
„Ние во основа веруваме дека развојот треба да биде предводен од самите земји во развој. Ние инвестираме директно во капацитетот на националните влади да ги извршуваат своите сопствени земјоделски стратегии и да се приклучат со други донатори за финансирање на овие стратегии преку мултилатералните механизми како глобалната земјоделска програма и програмата за безбедноста на храната“
„Гледајќи ги главните грантисти во нашата база на податоци, не обезбедува целосна слика за тоа каде нашите средства завршиле и кои се оние кои имаат корист. Многу од нашите примарни грантисти даваат средства од грантот на локалните институции во Африка и земјите од Јужна Азија, вклучувајќи земјоделци и организации.“
„Многу од локалните невладини организации во Африка и Јужна Азија се мали организации и немаат капацитет да апсорбираат големи грантови и одбираат да се здружат со поголемите организации за да се заврши работата најефикасно. Но, во исто време, ние сме исто така ангажирани во директно градење капацитети и финансирање да се обезбеди овие организации да бидат повеќе во можност да ги администрираат грантовите од оваа големина во иднина”, се вели во реакцијата на фондацијата за извештајот на Граин.
Извор: Гардијан