Париз во понеделник ќе именува улица по музичката икона Дејвид Боуви, осум години по неговата смрт, јавува „Ле Монд“.
Официјалното отворање на улицата ќе се случи токму на денот кога е роден. Улицата на 13-тиот париски кварт што ќе го носи името на Боуви е создадена неодамна како дел од големото преуредување на населбата.
Боуви кој почина на 10 јануари 2016 година од рак на црниот дроб се смета за еден од највлијателните, но и најпродаваните музичари на 20. век. Неговата кариера започна со хит-синглот „Space Oddity“ во 1969 година, а меѓу најзначајните негови песни и албуми се „Ziggy Stardust“, „Spiders from Mars“ и „Aladdin Sane“, како и „Let’s Dance“ и „China Girl“.
Најава дека француската престолнина ќе именува улица по Боуви за прв пат беше споделена во 2020 година од градоначалникот на 13-тиот париски дистрикт.