Преку јавен повик, „Пасворд“ бара визуелно решение за „ПИН“, единствената музичка конференција во Македонија, која има за цел да едуцира, вмрежи и стави по некој камен во патот со име македонски музички извозен продукт.
„Секоја последна недела во ноември, ПИН го прави Скопје епицентар на европската музичка индустрија, собирајќи ги на едно место музичките работници, умовите позади најголемите фестивали, продуцентски куќи, маркетинг агенции, менаџери и најперспективните бендови. Од панк преку музика на светот до евровизија, се’ што е со потенцијал да стане успешен музички продукт. ПИН е нашиот одговор на реченицата – ти не знаеш по светот што се случува“, стои во повикот.
Од „Пасворд“ ја бараат имагинација на дизајнерите како визуелно раскажана приказна. Но, не бараат само дизајн на постер, предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за основен постер за настан, Фејсбук и Инстаграм слика, дизајн на производ, рамки за објавување на артисти и говорници….
Целиот повик може да се види ТУКА, а пријавувањето е ТУКА.
Повикот трае до 1 март.