Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Анастасија Павловска.
Таа е дипломиран психолог, аматерски режисер (краткометражниот документарец „Скопска Ситуација 18’“, инспириран од албумот на САФ – „Скопска Ситуација 98’“), љубител на природа, музика, култура и луѓе.
Животно мото: Нов ден – нова можност за себеспознавање, ништо не ме изненадува и за ништо не викам „никогаш“.
Ова се #ПатАлбумиЗаПоДома на Павловска, со нејзин осврт кон одбраните музички парчиња:
* * *
1.Novos Baianos – Acabou Chorare (1972)
За мене медитација претставува албумов, турско кафе, лимонада и сонце кое ја осветлува мојата дневна просторија. Доволно е да ја слушнете Mistério do planeta за да осетите благодарност за животот кој го имате на планетата Земја.
2.Sticky Fingers – Caress your soul (2013)
Музиката е едно од главните нешта кои ме поврзуваат со мојата сестра Ивана. Не поминува минута да сме заедно, а да немаме пуштено нешто во позадина. Најомилено нешто ми е кога така внесени во разговорот, ќе почне некоја песна, и одеднаш се замолчуваме двете и само си „вајбаме“ со мелодијата. Овој албум засекогаш ќе ме потсеќа на неа, убавината на нашето сестринство и одморот на Санторини. Топло го препорачувам како додаток на секоја плејлиста за на плажа.
3.Arctic Monkeys – Humbug (2009)
Првата (и единствена) винил плоча која ја поседувам е од албумов која ја купив во Загреб на 13 години, кога почнав да ги слушам. Оваа година за првпат им бев на концерт каде едната песна која ја испеаа од Humbug, беше Cornerstone-мојата омилена песна од нив засекогаш. Се осеќав како музичките богови да ми намигнаа во моментот кога почнаа да ja свират.
4.Mac Miller – The Divine Feminine (2016)
Ако сакате на некој да му дадете до значење дека ви се допаѓа, доволно е да им го пуштите албумов. Испробано. Mac Miller Forever.
5.Guru – Jazzmatazz Volume 1 (1993)
Нема да биде листа на албуми направена од мене ако не вклучува рап музика, а кој подобро да го преставува овој жанр од самиот Guru? Како преплет на џез, рап, фанк, соул и што друго не, албумов може да те пренесе во некое друго време. Слушање на истиот резервирано специфично за есенски денови, кога ти треба разиграност и некоја чудна самодоверба.
* * *
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс
* * *