Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 9 до 11 септември го организираат Книжевниот саем за млади, насловен „Патување на француската книга“.
Во рамките манифестацијата ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ во Македонија со „Камион со приказни“, којшто настапува во Скопје и Тетово како дел од регионална турнеја.
Во среда (9 септември)напладне, во ОУ „Димитар Миладинов“ ќе се игра театарската престава „Волчо Страшниот“, во изведба на театарот Ларденоа и „Камионот на приказни“. Еден ден подоцнa е најавено свеченото отворање на целодневниот Книжевен саем за млади „Патување на француската книга“, од Иван Заров, Директор на Националната и универзитетска библитека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот институт во Скопје, во присуство на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.
Во текот на денот се предвидени забавни и педагошки активности наменети за деца и млади до 12 години.
Целосната програма е достапна и на овој ЛИНК.