Тетовци му дадоа мала поддршка на денешниот протест под мотото „Стоп за хасот во Тетово“, јавува „Мета“.
На протестот кој се одржа на градскиот плоштад, дојдоа околу 50, претежно, повозрасни лица. Велат дека е крајно време да се испрати порака за запирање на аерозагадувањето, лошата урбанизација и на недостигот од вода. Зачудени се што големите проблеми за кои денеска се протестира, не беа мотив за населението да дојде на плоштадот и да го искаже револтот поради хаосот во градот.
Организаторите на протестот велат дека граѓаните имале големи притисоци да не присуствуваат. Поради малиот одзив, во последен момент е откажан и најавениот марш низ тетовските улици.