Пејачката Грајмс даде дозвола нејзиниот глас да се користи за песни генерирани со вештачка интелигенција

Поп пејачката Грајмс ги покани музичарите да го клонираат нејзиниот глас користејќи вештачка интелигенција (ВИ) за да прават нови песни.

Грајмс, чие вистинско име е Клер Бушер изјавила дека ќе подели 50% од авторските права за секоја успешно генерирана ВИ песна што ќе го искористи нејзиниот глас.

„Тоа ќе биде истиот договор како и секој друг што го имам од артистите со кои соработувам. Слободно користете го мојот глас без страв од казни“, напиша пејачката на Твитер.

Нејзината изјава доаѓа откако музичката индустрија реагираше на песни направени со ВИ тренирана на гласовите на пејачите.

Компанијата „Универзал мјузиг груп“ минатата недела ја осуди песната, насловена „Heart on My Sleeve“ која е соработка помеѓу музичарите Дрејк и Д Викенд, поради како што изјави „бесправно копирање на содржина преку користење на вештачка интелигенција“.

Песна на Дрејк и Д Викенд тргната од интернет – била направена со вештачка интелигенција