Работилницата за перформанс во соработка со Наталија Теодосиева на настанот „Арт пред март” резултираше со финален производ кога младите за само шест часа успешно да ја спојат перформативната уметност со активизмот и да го изведат пред мал дел од посетителите на настанот.
Ветено, сторено, велат организаторите на „Арт пред март“, целодневниот настан кој пред неколку дена се одржа во домот на АРМ, а беше наменет за средношколци, студенти, но и за сите заинтересирани за производот на уметноста и активизмот.
Во продолжение погледнете го младинскиот перформанс насловен „Банки дигнаа палати, распнаа мрежи широки“: