Во „Кино Култура“ утре (4 ноември) од 19 часот ќе се изведува перформансот „Moolight“, продуциран од „Локомотива“, како дел од дел од програмата „Што е кореографија?“, курирана од Биљана Тануровска Ќулавковски.
Според најавата, „Moonlight“ е кореографски проект фокусиран на поетски структури, сценско изведбено истражување на дисперзирани значења, како прилагодлива реалност.
„Овој предлог повторно ги открива постојано воспоставените идентитети, со пристап на оголување и оквирување на нормативното. ‘Moonlight’ функционира како брза машина на промена и нарушување. ‘Moonlight’ игра со Дизни наследство, дислоцирајќи ги своите познати карактерности и разбирања. ‘Moonlight’ е и Месечина и светлина. Центрифугално нарушувањe, панк симфонија на препознатливиот, магичен маневар. ‘Moonligh’t е сонувачки филтер, тела изложени на ризик. Квир собата, една интуитивна архитектура, Аурора, Снежана и Принцот Ерик се дел од неа“, се вели во најавата за перформансот.
„Moolightе“ инициран и развиен од кореографите /изведувачи Александар Георгиев (Аце) и Дарио Барето Дамас.
„Во рамки на своето уметничко партнерство, тие се заинтересирани за коавторство во рамките на семејните констелации. Тие се интересираат за фасцилитирање на поетските простори, предизвикувајќи и нагласувајќи ги преиспитувањето на алтернативните линии на размислување. Тие работат околу Стокхолм, Скопје, Софија и Тенерифе“, стои во најавата.