Со темата „Вкусот на дворот“, во скопскиот „Макка бар“ утре од 12 часот ќе се одржи ХНУ перформанс, односно истражувачко студио за храна, наука и уменост.
Како што велат организаторите, ХНУ преку готвењето храна ја истражува поврзаноста помеѓу кулинарството, науката и уметноста.
„Поточно односот идеја-процес-готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар вкус? ХНУ преку целиот овој процес има за цел да потенцира колку е битна одговорноста во создавањето како на уметничките дела, така и на кулинарските дела“, стои во најавата за настанот.