Иницијативата „Заслужуваме подобро“ со перформанс во центарот на Скопје, укажа на предизборните нерегуларности, кога на иста адреса се пријавувани десетици граѓани, главно од Пустец, за да добијат право на глас во општините каде се регистрирани.
Перформансот насловен „Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2″ се одржа на Сквер Јадран. Таму беше поставена макета од стан од 40 квадрати, во кој се обидоа да се сместат педесетина активисти кои покажаа дека е невозможно во тој простор истовремено да живеат десетици лица.
#Скопје. Не #Пустец pic.twitter.com/hVkYxW6peJ
— Заслужуваме подобро (@zapodobro) February 15, 2016
„Овој проект е навреда за здравиот разум на целиот македонски народ, како и омаловажување на граѓаните на Пустец. Во време, кога Македонија масовно се иселува, владата вселува 50 луѓе во 40 квадрати. За овој проект здружени повеќе министри, вршители на јавни функции, судии, вработени во администрацијата и ова е најдолен чин на пораз на македонската демократија“, велат активистите.