Перформансот „Meeting“ на Јулија Кастелучи во КСП Јадро

Вокалната уметница Јулија Кастелучи, утре, на 27 април, со свој перформанс ќе се претстави во КСП Центар Јадро. Перформансот ќе се одвива во два дела, првиот дел ќе трае од 13 до 13 часот нападне, додека вториот дел ќе трае од 20 до 22 часот навечер.

„Не очекувајте ништо, само дојдете, седнете и чекајте“ – гласи најавата за перформансот „Meeting“.

Од Јадро соопштуваат дека Кастелани работи во полето на временската и просторната уметност, чиј пристап ја вклучува и звучната уметност, гласот, видеото, инсталацијата, интервенцијата во простор во форма на звучни скулптури.

„Таа пишува музика за театарски претстави базирани на атмосферскиот, монохроматски план, тоналноста и атоналноста, главно користејќи го звукот во неговата фундаментална форма. Нејзината автентичност како вокална уметница лежи во префинетата вокална естетика, темброт и фреквенцијата на гласот што ја прави врската помеѓу исконскиот и современиот вокален израз“, велат од Центар Јадро.