По минатогодишниот „Кокало“, њу ејџ номадките „Перија“ сега објавија нов албум „Фалан Филан“ (Fallan Filan), повторно за независниот издавач „Шарла“.
Музичката позадина на „Перија“ е во балканските традиции под силно влијание на Ориентот. Но, девојките носат и стилизиран израз, со мисија да раскажуваат разни приказни за заедницата, секогаш во сродство со духовното над материјалното.
Ова е тричлена група што низ годините се развива, некогаш со изменет и импровизиран состав при настапите, примајќи искуства од патувањата низ улиците, од уметници, креативци и локалци, кои оставаат белег во целокупниот творечки пат на „Перија“.
Албумот може да се преслуша, симне и поддржи ТУКА.