„PERIOD Skopje“ отвора повик за 30 средношколци, за учество на еднодневна работилница „Менструална правда“.
„Работилницата има за цел унапредување на знаењата на средношколците на тема менструација, менструална сиромаштија, менструална стигма и менструално здравје. Во склоп на оваа работилница ќе бидат презентирани и наодите од истражувањето на Реактор и Tiiiit Inc. поврзано со менструалната правда во нашата држава“, информираат од „PERIOD Skopje“.
Предвидени се две работилници со по 15 учесници по работилница. Првата работилница е предвидено да се одржи на 12 февруари, а втората на 19 февруари 2022 година, со почеток од 10 часот во МладиХаб.
Крајниот рок за аплицирање е 7 февруари 2022 до 16 часот. Сите заинтересирани можат да поставуваат прашање на period.skopje@gmail.com.
Пријавувањето за учество оди преку следниов формулар.