На 9 јули со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоцијата на четвртата стихозбирка на Исток Ј. Улчар, „Порој од Пепел“.
Стихови од поетската збирка ќе читаат Лазар Христов и Сергеј Димовски. Како музичка подлога е најавен Александар Скрјабин/Немнтин со „истериум: Уводно дејство (Подготовка за конечната мистерија)“.
„Упорно барајќи си ја назад невиноста, полека отстранувајќи ги порталите за влез на болката, конечно и со олеснување, веќе кон крајот на стихозбирката, лирскиот субјект успева да го заспие ‘остарено[то] бебе/ чиј плач ја поти проѕирната плазма на светот’, притоа алудирајќи на сопственото лечење на тивок оган, со потхранување на и вљубеност во внатрешните ‘ладнокрвни демони’ коишто се заслужни за тоа ‘што во порите сила му се вселува’ и ‘што во черепот мудрост му се вгнездува’, пишува за збирката Мања Величковска.
Настанот ќе се одржи во склад со мерките против ширење на коронавирусот, па заинтересираните се замолуваат да носат маски и да одржуваат дистанца, во спротивно настанот ќе биде прекинат.