Пешачењето од 4.000 чекори дневно влијае позитивно врз здравјето, покажа нова студија

Колку повеќе пешачиш, толку поголемо позитивно влијание се случува врз генералното здравје, покажа нова студија.

Со пешачење од околу 4.000 чекори дневно, се намалува ризикот од смртта, а со пешачење од околу 2.500 чекори дневно може да се намали ризикот од смртта од кардиоваскуларно заболување.

Тоа го покажува новата студија во чии рамки учествувале 227.000 илјади лица, а е објавена во Европското научно списание за Превентивна Кардиологија.

Додека за регуларната физичка активност одамна е покажано дека го подобрува и менталното и физичкото здравје, новата студија ги покажува броевите на чекорите за лицата да имаат здравствени бенефити.

Автор на истражувањето е Мачеј Банах, професор по кардиологија на Медицинскиот универзитет во Лоѓ, Полска, открил дека има поголеми здравствени придобивки ако луѓето го зголемуваат бројот на чекори.

Зголемувањето на нечии дневни чекори за 500 на дневно ниво е поврзано со 7 отсто намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, додека зголемувањето од 1.000 чекори е поврзано со 15 отсто намалување на ризикот од смрт од која било причина.

„Со околу 4.000 чекори,  може да забележите значителни здравствени придобивки и значително намалување на смртноста, но важно е да се започне рано“, изјавил авторот Банах.

Истражувачите открија дека најголемото намалување на ризикот за луѓето на возраст под 60 години е околу 7.000-13.000 чекори дневно, додека за постарите возрасни, тоа е помеѓу 6.000-10.000 чекори.

Истражувањата покажаа дека редовната физичка активност може да го подобри здравјето, да спречи срцеви заболувања, хипертензија, дијабетес и рак и да го намали ризикот од прерана смрт.

Но, Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека на глобално ниво, секој четврти возрасен човек не ги исполнува нивните препораки за физичка активност. Организацијата препорачува 2,5 до 5 часа физичка активност неделно за возрасни.