Кафе-книжарницата „Буква“ вечерва, четврток 10 април, од 20:30 часот ќе биде домаќин(ка) на концерт со нови песни на Хана Корнети. И по некоја од старите.
Настанот е наречен „Песнеење под брезите“, каде Корнети ќе пее и свири на укулеле и сајзер, додека истовремено ќе има придружба од Филип Букршлиев на гитара, но и од Ѓорѓе Јовановиќ – удиралки, придружни вокали и усна хармоника.
„Со свежи, заеднички аранжмани, ќе песнееме против студов дур да стигне пролетта, вистински“, стои во најавата.
Постерот го стокми Марко Печеновиќ.