Песни од македонски алтернативни артистки во компилацијата „Некои девојки“

Петнаесет нумери изведени од македонски алтернативни артистки се најдоа во компилацијата „Некои девојки“, што ќе биде објавена на 22 март во Младинскиот културен центар.

Кристина Горовска – „Бернајс пропаганда“

На албумот, во издание на „Ако никој не свири“ и Младинскиот културен центар – Скопје ќе има песни од домашни артистки и групи со проминантни женски членови, кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена.

Бојана Низамовска – пејачка во бендот „Џун“

Најголемиот дел од овие композиции ќе бидат за првпат објавени на носач на звук, а добар дел од нив се специјално креирани за потребите на компилацијата. Помеѓу изведувачите има и дебитанти, но и добро познати имиња со повеќегодишно искуство.

Геновева

Нина Георгиева

На компилацијата се појавуваат Кристина Горовска од „Бернајс пропаганда“Билјана Мирковски која настапува под името Девојка, Галатеа, Грин Фуз, Херзел и Геновева, G-RoughБојана Низамовска- Бомза – лидерка на бендот „Џун“, Нина Георгиева, Плава, Првата Дама, Куајет Хирошима, Слит, Телемама и Ундон.

Билјана Мирковски која настапува под името Девојка

Стилски компилацијата е разновидна, покривајќи низа на жанрови како: инди-поп, рок, пост-панк, рап, современа класична музика, електронска и експериментална музика. Ќе биде достапна на компакт диск, како и во дигитален формат.

Извор: Stylist.mk