Две сребрени и три бронзени медали освои македонскиот тим на шеснаесеттата Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во Доха, Катар.
Македонските ученици ги измерија своите знаења по физика, биологија и хемија, со над 40о врсници од цел свет.
Олимпискиот тим го сочинуваат шест ученици – Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски, Теона Кировска и Стефан Дрмач. Ментори им беа професорите од ПМФ Боце Митревски, Марина Стојановска и Лозенка Иванова. Во подготовките на младите олимпијци учествуваше и претседателот на ДФРМ професорот Ламбе Барандовски.
Покровители на нивното заминување во Катар беа ФИТР, Агенцијата за млади и спорт и градоначалниците од градовите од каде потекнуваат младите македонски олимпијци.