Корисниците честопати знаат да бидат вознемирени на Facebook — тоа не е тајна. Оттука, помеѓу непотребните политички препукувања и бескорисните покани за онлајн игри, понекогаш е потребно да се избришат некои пријатели.
Но и ова може да биде вознемирувачко, посебно во случајот кога „пријателот“, тоа ќе го разбере премногу лично. Затоа порталот Mashable, предложи пет чекори кои може да помогнат социјалните мрежи да останат позитивно искуство.
1. Сокријте ги објавите (Mute posts)
Ако видите некој посебно здодевен пост (како „само што завршив со тренингот ” , фотографии од нечиј нов пирс на папокот и сл.), кои би сакале да ги избришете од вашиот ѕид, едноставно треба да ги сокриете. Се што треба да сторите е да кликнете на стрелката во горниот десен агол на постот и изберете “Сокриј…”(hide). Исто така можете да го пријавите профилот или објавата како спам, ако тоа е потребно.
2. Организирање на вестите кои се појавуваат на ФБ ѕидот
Ако изберете „organize who you see in news feed” Фејсбук ви дава преку краток и прилично едноставен процес, да одберете какви објави сакате да се појавуваат кај вас. Ви покажува со кои пријатели и мрежи не сте комуницирале во последно време, па има опција да изберете нив да ги гледате уште поретко или да ги преместите во други листи.
3. Подесете кои новости сакате да ги гледате од пријателите
Ако премногу објави од одредени пријатели се појавуваат на ФБ ѕидот кај вас, тогаш треба да кликнете на копчето „Сокриј”(Hide) повторно. Од таму можете да правите промени што сакате да гледате во иднина – помалку објави, фотографии или ажурирани статуси, при што се нудат повеќе опции.
4. Воведете ограничена листа
Фејсбук дава можност да имате посебни листи на кои се воведуваат одредени ограничувања кога станува збор за хранење на вашиот ѕид со објави како „Restricted” или „Acquaintances,” па на тој начин не мора да отстраните некој пријател од Фејсбук, туку може само да го сокриете за да не ви додева.
За да ја видите листата со рестрикции или да направете нова, кликнете на Пријатели, на левата страна од почетното мени.
5. Одберете „Не споделувај“ кога објавувате на ФБ
Ако сакате да објавите нешто за кое што знаете дека може да предизвика одредени реакции , може да отстраните одредени пријатели кои вака нема да ка видат вашата објава. Тоа е еднократен, брз лек. Треба да кликнете на копчето веднаш до она за објавување. Со опцијата за прилагодување се овозможува да се направат одредени промени во однос на тоа кој сакате да го види вашиот пост, или пак сосема да го сокриете од одредени пријатели.