„Дни, години“ од Димитар Башевски, „Две Мориња“ од Јосип Коцев, „Мед и младост“ од Гордана Михаиолова Бошнакоска, „Филмски песни“ од Дејан Трајковски и „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова се петте поетски книги кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.
„Членовите на жири-комисијата работеа во две фази: поединечна и заедничка. Во поединечната фаза, секој член на комисијата работеше самостојно, без да ги знае останатите членови и изготви негов личен потесен избор од пет книги кои ги рангираше од прво до петто место. Откако индивидуалните избори на секој член од жири-комисијата беа доставени до дирекцијата на НУМ ‘Струшки вечери на поезијата’, беше свикан заеднички состанок на кој членовите на Жири-комисија почнуваат со заедничка работа утврдуваат заеднички избор од пет книги според бројот на гласови кои одделните книги ги добиле при поединечните избори на жири-комисијата и според гласањето на мнозинството на комисијата“, соопштија од Фестивалот.
Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија. Ова издание се одбележуваат јубилејни 60 години од востанувањето на наградата. Името на победникот на годинешниот конкурс за „Браќа Миладиновски“ ќе биде објавено на 28 јули (петок) на прес-конференција со почеток во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.
На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнале вкупно 35 наслови кои може да ги видите во продолжение:
- Милчо Мисоски – „Ефемиди“, издавач „Индиго хаб“
- Гордана Каракашевска – „Патот на водата“, издавач „Современост“
- Христина Илиоска – „Разговор со месечината“, издавач „Дата песнопој“
- Оливера Јовановска – „Слушни го срцето“, издавач Македонско литературно друштво „Григор Прличев“
- Јосип Коцев – „Две мориња“, издавач „Антолог“
- Маја Мојсова – „Набљудувај небо“, издавач ЗПРКДУ„Креативна верига“
- Станоеска Благица – „Светла милокрвност“, издавач Здружение за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН
- Даим Мифтари – „Куќа што танцува“, издавач ЗРУМ „ПЕРУН АРТИСТ“
- Јулијана Младеновска-Тешија – „Куќа“, издавач „ТРИ“
- Наташа Сарџоска – „Часови по измама“, издавач „ТРИ“
- Виолета Танчева-Златева – „Глуво време“, издавач ТРИ“
- Борче Панов – „Анатомија на небото“, издавач„Индиго хаб“
- Гордана Михаилова Бошнакоска – „Мед и младост“, издавач „МАКАВЕЈ“
- Христо Петрески – „Човек,врата“, издавач МАКАВЕЈ“
- Дејан Трајкоски – „Филмски песни“, издавач „Бата прес милениум“
- Димитар Башевски -„Дни,години“, издавач „Слово“
- Васко Марковски – „Скопски улици“, издавач “Бегемот“
- Тони Манџуковски-Манџук – „21г. ® “…збирка стихови откорнати од душата….,издавач „ВИНСЕНТ ГРАФИКА“
- Александра Спасеска – „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, издавач „ПНВ Публикации“
- Снежана Стојчевска – „Празно место“, издавач Современост
- Ива Дамјановски – „300 ветрила“, издавач Темплум
- Моника Стојановска – „Има и такви денови“, издавач Конгресен сервисен центар- подружница ПОЛИЦА
- Маријана Митревска Македонска – „Дневникот на Мери Ен“, издавач ПЕСНОПОЈ
- Ѓоре Ѓелев – „Тежината на вториот чекор“, издавач МАКЕДОНИКА литера
- Сашо Огненовски – „Други далечини“, издавач ПНВ Публикации
- Дејан Крстески – „Утрото по крајот на светот“, самостојно издание
- Павлина Атанасова – „Карпа во морето“, издавач ПНВ Публикации
- Марија Велинова – „ Омарнина што омалаксува“, издавач ПНВ Публикации
- Перица Сарџоски – „Огнен пој“, издавач ПНВ Публикации
- Братислав Ташковски – „За сите времиња“, издавач ПНВ Публикации
- Трајче Кацаров – „Поезија на маслата за ручање“, издавач Матица Македонска
- Јовица Ивановски – „Живот на меѓукат“, самостојно издание
- Ана Голејшка Џикова – „Слобода А“, издавач ПНВ Публикации
- 34. Тихомир Јанчовски – „Ден Година“, самостојно издание
- Катица Ќулавкова – „На врв на јазикoт“, издавач Арс Либрис
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ ќе се одржи од 24 до 28 август под мотото „Чувствотворен јазик“. Оваа година главните поетски читања ќе ги предводат повеќе од 25 странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.