Пет средношколци од „Орце Николов“ ќе учествуваат на меѓународниот натпревар „Формула 1 во училиштата“

Пет средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ се првиот македонски тим кој ќе учествува на меѓународниот натпревар „Арамко: Формула 1 во училиштата“.

„Арамко: Формула 1 во училиштата“ е меѓународен СТЕМ (наука, технологија, инженерство, математика) натпревар, каде учесниците поделени во тимови од 3 до 6 учесници треба да дизајнираат и изработат минијатурен автомобил (болид) од официјалниот F1 Model Block, користејќи CAD/CAM алатки.

Под името „Aerth racing“, македонскиот тим ќе учествува на натпреварот кој оваа година се одржува во Силверстон, Обединетото кралство, почнувајќи од 9 јули.

Тимот го сочинуваат средношколците Марио Блажевски, Мирослав Мишоски, Калин Јовановски, Мила Перинска и Никола Мишоски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aerth – Racing Team (@aerthracing)

Петте средношколци се поддржани и од Машинскиот факултет и Агенцијата за млади и спорт, а во Силверстон ќе се борат за најдобар пласман меѓу тимови од над 50 земји.

„Автомобилите се напојуваат со касети CO2 и се прикачени на патека со најлонска жица, тие мораат да следат строги прописи, слични на оние на Формула 1. На пример, тркалата на болидот мора да бидат во контакт со патеката во текот на целата трка. Автомобилите се возат на патека долга 20 метри со две ленти, а два автомобили се тркаат истовремено“, објаснуваат средношколците.

Главната цел на натпреварот е да се смени младинската перцепција за науката, технологијата, инженерството и математиката и да се создаде возбудлива атмосфера за учење кај младите, кои преку искуството ќе изградат информирана перспектива за инженерството, Формула 1, науката, маркетингот и технологијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aerth – Racing Team (@aerthracing)