Вчера во Штип, претседателите на пет студентски парламенти од универзитетите во Македонија потпишаа „Декларација за зголемување на ефикасноста и ефективноста на студентската пракса“. Декларацијата е дел од соработката на студентските парламенти од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Св. Апостол Павле“ – Охрид, како и Бизнис-академијата „Смилевски“
„Студентските парламенти се заложија дека и понатаму ќе им стојат на располагање на студентите и ќе работат за подобри студии и по квалитетен кадар кој во иднина ќе излегува од овие Универзитети“, стои во Декларацијата.