Во склоп на фестивалот „Дрим Он“, во поранешното кафуле „Синема“ вчера беше претставено делото на петмина визуелни уметници со кое сакаат да порачаат на поголема колективна одговорност и освестување за вредностите на регионот, препознаени од УНЕСКО.
Филип Велковски, Сали Ертунч, Милко Нестороски, Викторија Попоска и Горан Ристовски претходните пет дена се впуштија во еден експериментален и истражувачки пристап на создавање визуелни сензации со кои се добиваат разновидни перцепции.
За создавање на делото уметниците се служеја со природни материјали како трска, камен, вода и тиња, а фокусот е во насока на истражување и преиспитување на важноста за природното светско наследство во релација човек-природа.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.