Програмскиот менаџер во Здружение на правници Роми – Скопје и активист за човекови права, Ариф Адеми, одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој краток коментар за музичките остварувања.
1.Тоше Проески – Игри без граници (2007)
Според мене, овој албум наТоше Проески е неговиот најдобар албум, бидејќи тука ми се омилени песни и воедно се сеќавам кога го добив ЦД-то, доаѓаше со 7 бонус песни – таа среќа беше неизмерна. Воедно, сакам да кажам дека во овие карантински денови овој албум е најмногу испејан.
2.Zvonko Demirovic – Keskadzika (1994)
Овој албум на Звонко насловен како „Ксканџика“ (љубоморна) ми е еден од омилените. Тука се наоѓа мојата омилена песна направена од него, а тоа е „Ксканџика“, тоа е хитот што ми дава енергија и ме расположува.
Рамадан Бислим – Рамко е еден од легендарните ромски фолк изведувачи, на којшто секоја песна му е хит. Овој албум „Romani Čhaj“ (Ромско девојче) е посебен за мене бидејќи тука има мои омилени песни, кои се уште се пеат и во иднина ќе се пеат. Дел од неговите хитови од овој албум ги издвојуваме: „Romani Čhaj“ (Ромско девојче), „Parnile me bala“ (Ми побеле косата), „Tu sijan muli mange“ (Ти си мртва за мене).
4.2Pac – Ме against the world (1995)
„Јас против светот“ воедно е првиот американски албум пуштен во продажба од затвореник. Покрај оваа темна страна во неговиот живот, 2Pac со албумот сака да пренесе дека конечно почнува да внесува светлина во неговиот живот. Oмилената песна од овој албум ми е „Dear Mama“, песна наменета за неговата мајка.
Овој албум дебитираше и беше број еден на Billboard 200, со продажба во првата недела од 741.000 примероци. Исто така, достигна број еден во многу други земји. Омилени песни ми се: „Not Feird“, „Love the Way You Lie“, „No Love“ и „Space Bound“. „Recovery“ беше најпродаваниот албум во светот и најпродаван албум во САД во 2010 година. Aлбумот има посебна приказна, бидејќи Eminem сакаше да назначи дека има позитивна промени во својот живот.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски