#ПетАлбумиЗаПоДома на Бјанка Станковиќ

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме новинарката Бјанка Станковиќ.

Ова се нејзините #ПетАлбумиЗаПоДома, со нејзин краток осврт кон одбраните музички парчиња:

***

1.Dead Can Dance – Anastasis (2012) 

Dead can dance по дома се слуша, во живо се чувствува. Брендан и Лиса се извонредни уметници кои ве носат на патување на кое не сте биле досега. (Вреди да се слушнат во живо!) Верувам дека ако на некого не му се допадне „Anastasis (2012)“, со сигурност ќе си го пронајде своето место во некое друго дело на DCD.

2.The National – I am easy to find (2019)

The National е бенд-терапија. Додека го слушаш, на еден многу созреан и пријатен начин ти дозволува да ѕирнеш во сопствениот свет, да се преиспиташ, да се осознаеш, да се спријателиш со емоциите, а притоа да се чувствуваш сигурно. Како и што кажува самиот наслов, „I am easy to find“, овој албум лесно ќе ви дозволи да го најдете тоа што го барате. Исто така ги препорачувам „Trouble will find me“ и „Boxer“.

3.Sunni Colón – JúJú & The Flowerbug (2022)

Албумот „JúJú & The Flowerbug“ е скромен, сладок, полн со суптилни, но силни емоции, албум којшто не можеш да го одбиеш како слатко од смокви во стаклено тањирче. Ова е еден од тие албуми со песни коишто полека, но сигурно ти влегуваат под кожа и почнуваш да ги потпевнуваш додека си на плажа, на пат, додека подготвуваш оброк…
П.С препорака и за „Satin Psicodelic“.

4.Nu Genea – Bar Mediterraneo (2022)

Сигурно насловот „Bar Mediterraneo“ ве потсетува на летен одмор покрај морска плажа, во пријатна, лесна облека, тивко ветре и песок на стопала. Така и се доживува :)

5.Alt-j – An awesome wave (2015)

Ова е еден од тие албуми/артисти кои се случува да ги подзаборавиш, но те обзема пријатно чувство кога случајно ќе почнат да вртат на некоја музичка платформа. Чувството е нешто налик фотографијата од самиот албум.

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-НатриксАнастасија Павловска

* * *