Физичарката и уметник, Дафина Шекутковска одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
Шекутковска е професорка по физика во гимназијата „Георги Димитров“. Претходната година беше ментор во работилница – експеримент на слоновата паста за заби, заедно со интердисциплинарниот уметник Доротеј Нешовски.
По вокација не е акадамски сликар, но слика уште од дете, континуирано со години. Ги испреплетува науката и сликарството низ творечкиот полет. Шекутковска досега има сработено над седумдесет дела, со едно од нив учествувала на изложба во галеријата „Saatchi“ во Лондон, а неколку се изложени на DeviantArt. Во февруари во НЛБ Галерија ја отвори „Бифуркации“, изложба што ги пренесуваше нејзините гледишта кон светот, но и доживувања кон науката.
Ова се нејзините #ПетАлбумиЗаПоДома, со нејзин осврт кон музичките остварувања:
1.Aphex Twin – I Care Because You Do (1995)
Кога имав 6 години, дечкото на сестра ми од средно и го поклони албумов, таа никогаш не стигна да го слушне, јас го излижав :). Уникатно дисторзирано интелигентно брејк техно со слементи на glitch… фактот што тој ги менувал инструментите – додавал електронски делови и ефектите што ги користел придонел тој да создаде препознатлив звук. Некои траки се мрачни, „Come On You Slags“ ми наликува на борба на вселенски бродови… Омилени ми се „Wax The Nip“, „Start As You Mean To Go On“ и „Alberto Balsalm“.
2.Ladytron – Velocifero (2008)
Протоелектро, електропоп, индустриал, поп па и панк и настанува електроклаш чии претставници се и Ladytron… имаат и постпанк елементи во својот звук па и new wave. Група составена од тројца англичани и една бугарка – Мира која е исто така хемичарка која студирала магистерски на Кембриџ, што ми е интересен факт :).. затоа и имаат некои песни на бугарски јазик. Веќе десетина години ги слушам. Омилена од албумов ми е „Deep Blue“.
3.Mount Sims – Wild Light (2005)
Фузија на мoдерен пост панк, дарк и индустриал звук со елементи на Cold Wave и goth музиката на осумдесетите. Oмилени ми се „No Yellow Lines“, „Ergent No Ergent“ и „Falling up“.
4.Operators – Radiant Dawn (2019)
Скоро ја открив инди рок групава и многу ми се допаѓа. Музичарите се од Англија но поради некои причини имаат направено спот за песната „I feel emotion“ со превод на Македонски јазик.
Bjork има развиено стил кој инкорпорира аспекти на електронска, денс, алтернативен денс, експериментална, glitch, јез, алтернативен рок, трип хоп и современа класична музика. Овој албум е сметан за еден од нејзините најекспериментални и најекстровертни албуми, со звуци кои ја рефлектираат природата на Исланд.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска