Даниел Димитров, студент при Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултет по информатика, отсек – компјутерски науки, одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
За себе вели дека е вечен ентузијаст и жртвено јагне на музиката, во пукотница помеѓу асоцијативни низи, акорди, класи, акорди, алгоритми… и акорди!
Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Димитров, со негов осврт кон музичките остварувања:
1.Tame Impala – Lonerism (2012)
Со оглед на тоа дека сум израстен (меѓу другото) најмногу со музика од Pink Floyd, Beatles, King Crimson, Kuyss, исто како помал со Queen, Depeche Mode, и многу, многу ненамерен synth-pop, ова е само логична последица, претпоставувам… Албумов е навистина генијален за сите со сличен вкус, но и доста интересен како уметничко дело, баш разнолик. Kevin Parker е според мене, еден од ретките.
Годината, потеклото, cover-фотката… За овој албум, пред се’, морам да се заблагодарам на овој вешт и визионерски состав што го створил, а секако и на моите дома, по чија заслуга дознав за него, и беше меѓу првите кои ми ги отворија очите дека сепак во Македонија/Југославија постоела доста квалитетна и уникатна музика.
Албум и бенд што отсекогаш ме инспирира со нивната мелодичност, енергија, како и некои песни со особен dark force кои делуваа доста привлечно при крајот на осмолетка. Исто, оддавам признание до Драган Гиновски – Гино за огромно влијание во мојот сопствен музички израз.
4.Velvet Underground – The Velvet Underground & Nico (1967)
Парче кое кога и да го слушам , ме доведува во добро расположение и ме опушта. Фино и за потсвирнување/потпевнување во топли приквечерини и ноќи на клупи со гитари. Посебна благодарност до Стефан Видиков!
5.Bloc Party – Silent Alarm (2005)
По извесен период на слушање пост-панк бендови, како The Sound, Bauhaus, Joy Division (нешто тука интересно мириса), штом ги слушнав тапаните и емотивниот вокал уште во првата трака (Like Eating Glass), албумов дефинитивно ми го улови вниманието.
За крај (ја претеравме работата) би сакал да ги спомнам и:
Kyuss – Welcome to Sky Valley (1994), Beatles – Revolver (1966), Siriusmo – Mosaik (2011).
Доста е!
Поздрав од Кавадарци.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски