Едис Кесаси одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
Тој за себе вели: „атипичен студент на правен факултет, идеалист и сметам дека сум роден во погрешно време“.
Ова е изборот на Кесаси, со негов уводник и краток коментар за музичките остварувања:
Без разлика дали на озвучување или на слушалки, без разлика на расположението, музиката е дел од моето секојдневие, а верувам и на сите останати кои овие денови ги поминуваат дома. Издвоив пет албуми коишто сметам дека ќе задоволат различни вкусови кај различни генерации.
1.Idoli – Odbrana i poslednji dani (1982)
Втор студиски албум на Идоли издаден во 1982 година. Овој албум е прогласен за најдобар југословенски рок албум во 20-иот век од страна на магазинот „Џубокс“. Дефинитивно, еден од моите омилени.
2.Frank Zappa – One size fits it all (1975)
Mother marry ‘n jozuf! Одличен албум, топло го препорачувам.
3.King Gizzard and the Lizard Wizard – Flying Microtonal Banana (2017)
Првиот албум на King Gizzard, од 2017 година. Интересно за овој албум е тоа што е сниман во „четврттонска скала“ (quarter tone tuning). Исто така, еден од моите омилени албуми.
Овој албум го издвојувам поради тоа што совршено ми се вклопува во секоја ситуација, секогаш се чувствувам пријатно кога го слушам.
5.Darkwood Dub – Elektro pionir (1999)
Најдобриот албум од Darkwood Dub. Многумина го мислат истото.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева