Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Горан Конев – Клаус, долгогодишен спортски новинар во „Вест“, а сега само новинар во „Сакам да кажам“ и голем вљубеник во концерти и музички фестивали.
Ова се неговите #ПетАлбумиЗаПоДома, со негов осврт кон одбраните музички парчиња:
* * *
1.Faith No More – Angel Dust (1992)
Можеше да биде кој било албум од ерата на Мајк Петон, но Angel Dust секогаш ми бил број еден и воопшто, еден од најомилените албуми на сите времиња. Angel Dust многу ми се најде во еден тежок период од животот и со тоа се здоби со посебно значење за мене.
Несфатливо ми е како албумот со вака некомерцијален звук стана најголемиот комерцијален успех на групата. Не може да се смести во ниеден дефиниран музички стил и иако има и агресивни песни, албумот севкупно ми буди многу позитивно чувство.
2.Morbid Angel – Altars of Madness (1989)
Невозможно е да се избере најдобриот албум во музиката што ја слушам повеќе од 30 години, но дебитантското издание на дет метал легендите од Флорида дојде најблиску до тоа.
Брз, бесен, атмосферичен и притоа бравурозно отсвирен, Altars of Madness бил нешто неслушнато дотогаш кога излезе и до денес ретко кој успеа да му парира.
3.Riverside – Love, Fear and the Time Machine (2015)
Непознат за многумина, но Мариуш Дуда е еден од најталентираните и најпродуктивни музичари на денешнината, а полскиот прогресивен метал/рок бенд Riverside е во центарот на неговото творештво. Riverside нема лош или слаб албум и Love, Fear and the Time Machine го избрав најмногу од емотивни причини, зашто е последниот со оригиналниот гитарист Пјотр Груѕињски, кој ненадејно почина следната година.
Love, Fear and the Time Machine го има најмекиот звук од осумте албуми на Riverside, па ми делува медитативно кога го слушам, иако на моменти е доста меланхоличен.
4.The Gathering – Nighttime Birds (1997)
Холандскиот бенд The Gathering направи храбар потег кога за својот трет албум ангажираше пејачка, што во тоа време беше несвојствено во металот. Две години подоцна излезе Nighttime Birds, последниот металски албум на групата, по кој уследи премин од изразено гитарска кон помалку гитарска, но еднакво квалитетна музика.
Nighttime Birds го обележува доминацијата на неспоредливо прекрасниот, моќен и магичен вокал на Анеке ван Гирсберген, во која одново се вљубувам секој пат кога ја слушам.
Ова е засега последниот албум на израелските икони на психоделичниот амбиент и содржи обработки на нивни песни, но не ремикси, туку отсвирени со инструменти во живо. Така е добиено едно уникатно музичко доживување со елементи на етно, прогресивен рок и џез.
Три години порано, имав ретка можност да ги слушам Shulman во вакво гитарско издание на еден фестивал во Грција, што го проживувам секој пат кога го слушам албумот.
* * *
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди
* * *