Дизајнерот и креаторот на платформата „Celebrate Life“, Горан Костовски – Индог одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој осврт кон музичките остварувања:
YOOOO Радио Моф PPL!
Морам да признаам дека ептен ми е тешко да одберам 5 албуми за дома бидејќи имам повеќе од сите жанрови, ама некако ќе се обидам да одвојам 5 #ПетАлбумиЗаПоДома
1.Nivana – MTV Unplugged in New York (1994)
90ти се последната креативна фаза според мене или пак толку влијаеја врз мојот живот, облека и музика, што можеби само мислам така (тотално го отфрлам муабетот тогаш беше подобро). Но, мојата емотивна конекција со Нирвана и времето на MTV чекајќи да ти се појави спотот што претходно сестра ти го донела дома на видео касета снимена и те како ме дрма адреналинот :) Нирвана е бендот на моето детство, тинејџерство и после многу години враќајки им се назад би можел да кажам дека нивниот MTV Unplugged in New York е една совршена приказна. Меланхолија, слобода, емоции и реалноста на Курт Кобејн навистина е фантастична! На ова ремек дело сталоженоста и те како ти открива еден поинаков бенд драстично различно од нивната жар и бунтовност.
2.Frank Ocean – Channel Orange (2012)
Frank Ocean e артистот што многу ми значи последниве години и тука имам сериозен проблем кој албум да го издвојам, но, ќе морам Channel Orange тука неговата емпатија и емоција, а богами и смиреноста тотално делуваат како овој премногу талентиран текстописец е целосно музичко освежување покрај тоа што им прави шокови на своите фанови и не вади албуми по 2 години држејќи ги во неизвеснот. Покрај тоа што делува врз целата хомофобија што владее на хип хоп и Р&Б сцената, тој навистина жанровски ги измести границите со овој звук покрај тоа што охрабри многу артисти и луѓе да разберат дека сите луѓе имаат право на живот и се еднакво вредни. Channel Orange може да ме расплаче, расположи, да ме натера да размислувам колку и да го имам изнаслушано. Значи чиста Френкова класика!
3.Marvin Gaye - What’s Going On (1971)
Marvin Gaye – What’s Going On за мене еден од најдобрите албуми на 70ти и слободата на неговото изразување на пропаѓање на една средина живеејки го Американскиот сон. На овој албум има сериозен осврт кон полициската бруталност, сиромаштијата, мизерија, невработеноста и цела емотивна историја на 70ти, иако можеби звучи сето ова мрачно, воопшто не звучи така на ова ремек дело. Комбото од џез и соул создаваат албум толку надреален, што се третира како еден од најголемите албуми досега направени. Дури со стравопочит пишувам за него и толку многу внимавам што ќе пишам. ГЕНИЈАЛЕН албум.
4.Miles Davis – Bitches Brew (1970)
Тешка борба кој џез албум да го предложам. Miles Davis – Bitches Brew сепак е еден албум што ми отвори еден целосно нов свет на мене. На овој албум не само што се појавуваат генијалци музичари него тотално ве збунува колку е се соврешeно на него. За овој албум критичарите велат дека е еден од најважните во неговото творештво и за мене е еден од must hear албум без разлика колку и да не слушате џез, иако ова не е баш стандарден Miles Davis албум, тука има толку многу ново нешто како и многу електроника. 15 минутните песни на момент звучат толку апстрактно што ни дава до знаење дека авторот вистински уживал и експериментирал во создавањето на овој албум. Исто така како дизајнер многу ми значат албуми што имаат прекрасни омоти така да artwork-от на Mati Klarwein на овој албум и те како не одведува на едно поинакво аудио/визуелно патување.
5.Luomo – The Present Lover (2004)
Luomo - The Present Lover има посебно место во all-time favorites. Ај што ме враќа во едно носталгично и убаво време во Скопје кога clubbing-от имаше вистинска енергија, визија, прогресивност и магија на подиумите низ нашиот град. Ремек дело во Deep House музиката каде што прв пат слушнав вокал во поинаква интерпретација. Албум кој што совршено работи во afterhours, зима, пролет лето и посебни мигови. Се уште треперам кога и да го слушнам. Авторот каде што работи под друг псевдоним како Vladislav Delay има направено вонвременско дело за неверојатниот Force Tracks label го смени размислувањето дека електронската музика смее и мора да се менува! Да сумирам на овој албум секоја песна е приказна сама за себе. Одлична емоција и расположение. Luomo FOREVER!
Простете ми ама морам да нафрлам уште неколку албуми без објаснување, но се must hear за овие денови дома. Ова е само мала вредна листа, уживајте: Talking Heads – Remain in Light, John Coltrane – A Love Supreme, The Stone Roses – The Stone Roses, Primal Scream – Screamadelica, Oasis – (What’s the Story) Morning Glory?, The Beach Boys – Pet Sounds, David Bowie – The Rise and Fall of Ziggy Stardust And The Spiders From Mars, Solange – A Seat at the Table, Lana Del – Rey Born to Die, Madlib – Shades of Blue, Nas – Illmatic, Amy Winehouse – Back to Black, The Whitest Boy Alive – Dreams, Michael Jackson – Off the Wall, The Weeknd – House of Balloons, Anohni – Hopelessness, LCD Soundsystem – 45:33, Antonelli – Live in Tokyo, Shpongle – Are You Shpongled?, Tame Impala – The Slow Rush, Jamie Isaac – Couch Baby, Orbital – In Sides, Funkadelic – Maggot Brain, DJ Koze – Knock Knock, Shanti Celeste – Tangerine, Sade – Diamond Life, Madonna – Bedtime Stories, Deftones – White Pony, Fatima – Yellow Memories, Sun Ra – Sleeping Beauty, Prefab Sprout – Two Wheels Good, The Smiths – Meat is Murder, Larry Levan – Live at the Paradise Garage, Prince – Controversy, Pet Shop Boys – Introspective, George Michael – Older, Bronski Beat – The Age of Consent, Malcom Mclaren – Paris, St Germain Boulevard – The Complete Series, Aphex Twin – Selected Ambient Works, Air – Moon Safari, Pulp – Different Class, Erykah Badu – Baduizm, En Vogue – Funky Divas, Radiohead – In Rainbows.
– – – – – – – – – –
Радио МОФ започна рубрика #ПетАлбумиЗаПоДома, со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Ќе објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето да ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски
Петар Антевски
Сара Цветкоска
Мартина Баракоска
Сара Миленковска
Златко Ѓелески